Дочек за Игор Стефановски – Иџе во име на Пакело

 

 idze uniparts

 

Игор Стефановски – Иџе: Му благодарам на Пакело за поддршката во 2015 година

 

Европскиот шампион во автомобилизам на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе, во текот на 2015 година ја освои својата втора шампионска титула со импресивен учинок кој беше подобар од оној кога во 2014 година.

Со максимален број на можни бодови собрани со победи во 10 од 12 трки колку што носат бодови според пропозициите, Иџе успеа да ги собори рекордите на девет патеки, вклучувајќи и некои каде што против себе ја имаше автомобилската елита од земјата домаќин, меѓу кои имаше возачи кои буквално израснале на тие свиоци.

idze-collage

Пакело со гордост беше партнер на Игор Стефановски во неговата кампања во 2015 година и се радува на неговите резултати освоени со маслото кое токму со вакви импресивни резултати го гради својот имиџ низ светот.

- Автомобилските трки се буквално уметност на спојување на различни нешта во една насока. Постигнувањето хармонија меѓу сите компоненти е рамно на успехот на еден диригент да ги контролира сите членови на оркестарот дури и при најсложените музички изведби. Моторот е срцето на автомобилот, па да се има поддршка од квалитетно моторно масло кое е 100% изработено без рециклирање, масло зад кое стојат брендови како Ferarri и Lamborghini, беше особено важно во мојот потфат за освојување на втората титула и соборувањето на рекордите на патеките,- изјави Стефановски.

Моторното масло има три клучни функции во современите мотори со внатрешно согорување. Првата и најпозната е онаа што сите метални делови во вnaтрешноста на моторот треба да работат идеално мазно и да имаат перфектно подмачкување. Втората е придонесот кон ладењето на моторот, бидејќи во него се случуваат илјадници контролирани детонации во секоја минута, поради што температурата се подигнува, а маслото ја извлекува жештината од ќелиите за согорување. Последната, но не помалку важна функција е да ги отстрани јаглеродните остатоци и да спречи нивно таложење во моторот.

- Предизвиците што ги носат трките најлесно се совладуваат кога можете да се потпрете на контролата кои ја обезбедуваат извесни компоненти, бидејќи на тој начин возачот стекнува доверба во автомобилот. Во текот на 2015 година за прв пат ја возев патеката Тренто – Бондоне која е речиси 18 километри долга, па загревањето беше неподносливо. Мислам дека немаше возач кој се чувствуваше добро по тоа возење, но автомобилот беше во перфектна кондиција и ме донесе до пиедесталот,- додава македонскиот ас.

Асортиманот на Пакело вклучува широк дијапазон на производи, а сите тие се дистрибуираат низ целиот свет од една единствена фабрика која ги произведува за сите пазари, лоцирана во Сан Бонифацио, крај Верона.

pakelo logo

Pakelo Lubricants- Горди сме што бевме дел од шампионската сезона на нашиот Иџе!