Дочек за Игор Стефановски – Иџе во име на Пакело

 

 idze uniparts

 

Македонскиот ас Игор Стефановски – Иџе оваа сезона ги замени ридските патеки со автодроми и настапуваше во Европскиот куп за турнинг возила, каде што на последната трка во Имола го освои првото место.

 

Победничкиот пехар беше донесен во Скопје, а специјален дочек за шампионот беше приреден во просториите на Унипартс, генерален увозник и дистрибутер на Пакело за Македонија. Сите вработени во компанијата ја искористија можноста да се сликаат со Иџе и да го поздрават најдобриот пилот во историјата на македонскиот автомобилизам, а меѓу нив беше и Диего Вакаро, регионален менаџер на Пакело.

 rsz img 6503

- Уште лани додека настапував во Европското првенство на ридски патеки бев во фабриката во Италија. Морам да признаам дека ме импресионираа со тоа што ме воведоа во своите работилници и лаборатории, ми ги покажаа пробните маси за тестирање, кои што ги имаат за потребите на клиенти како Ферари и Ламборгини. Драго ми е дека Пакело ме поддржуваше и во новиот предизвик со трките на кружни патеки, бидејќи ми кога таква фабрика ќе ти ја даде својата доверба, нешто од внатре те притиска за да им возвратиш на најдобар можен начин. Токму оваа победа во Имола дојде во вистинско време и преку неа сакам да им се заблагодарам на сите мои поддржувачи, вклучувајќи го и Пакело,- рече Иџе.

 rsz img 6484

Оваа можност беше искористена и за размена на идеи и мислења околу натамошната соработка, со цел Пакело колку што може повеќе да му асистира на македонскиот возач да стигне до меѓународна промоција и добивање подобри услови за настап.

 

pakelo logo

Pakelo Lubricants- Горди сме што бевме дел од и од оваа  сезона на нашиот Иџе!